Испечати

Сос ќофтиња

Сос ќофтиња

Состојки

  • 250 гр мелено месо
  • 10 лажици доматно пире
  • 1,5 литри вода
  • 1 јајце
  • парче сув леб
  • 3-4 лажици презла
  • зачини оригано, црн бибер, мускатно оревче, вегета. босилек, црвена пипер
  • 1,5 лажица брашно и масло за запршка
  • 3 ловорови листа
  • 2 млади кромидчиња
  • 1 чаша ориз

Подготовка

Меленото месо се измешува со оризот, зачините, презлата, ситно сецканите кромидчиња и натопениот во вода сув леб и убаво се имесува. Се обликуваат малечки ќофтиња (одприлика 8) кои заедно со доматното пире се ставаат по претхотдо загреаната вода да се варат околу 30-40 минути. Потоа во водата се додава по малку од зачините од кои сме ставиле во меленото месо да повари уште 5-10 минути. На крај се прави запршка од масло и брашно и се додаваат ловоровите листови. Оставаме да се прокрчка сето тоа на изгасната рингла.
За време на целото приготвувањето садот треба да е покриен со капак. Доколку го варите без капак, тогаш намалете ја количината на брашното на 1 лажица.
На сликата сосот е поредок, бидејќи беше спремано многу порано од времето на сервирање, па брашното е намалено за половина лажица. Предходната вечер, истото јадење беше приготвено според наведената содржина и беше со солидна густина на гулаш, но тогаш се сервира веднаш, бидејќи со стоењето и ладењето густината станува посилна. За жал, во таа брзина не успеав да го сликнам оригиналот, со обзир на тоа што имавме и гостинка која беше презадоволна од пробаното...
Добар апетит!