Проја со сирење и чварки
Состојки
- 4 јајца
- 1/2чаша зејтин
- 3чаши јогурт
- 2чаши обично бело брашно
- 3чаши пченкарно брашно
- 1,5 чаша сирење дробено
- 1 пециво
- 1/2пакетче ким
- 1чаша сецкани чварки
Подготовка
Жолчките се матат со зејтинот и постепено се додава јогуртот, брашното, пецивото, сирењето, чварките и на крај снег од белките. Се додава сол по вкус, кимот и се истура во плех, па се пече околу 25мин на 180
Ова е многу брз и едноставен доручек. Сирењето е подобро да се издроби низ прсти затоа што ако е рендано брзо се топи, а вака се чувствува неговиот вкус. Чварките се ставаат по вкус на готвачот, а јас често ги менувам и со некое суво месо, колбаси или што ќе се најде дома. Пројата е рецепт кој трпи промени и секогаш може да ја подготвите со различен вкус