Раженчиња
Состојки
- 600 г свинско месо
- 250 г кромид
- 1 црн пипер .сол
- 1 лажица масло
Подготовка
Месото се сече на тенки парчиња (3х3цм) кои се набодуваат на дрвени или метални стапчиња долги 15 цм. Раженчињата се посолуваат се подмачуваат со масло и се оставаат неколку часа во фрижидер. По желба се посолуваат со црн пипер или се преливаат со вода од лук.
Раженчињата се печат на скара.
Се служат со ситно исечкан кромид, ајвар, пиперки или домати.