Паштета од грашак
Состојки
- 400 гр грашак
- 300 гр шунка
- 1 главица кромид
- 100 гр маргарин
- 200 гр изварка (урда)
- 2 пакетчиња желатин
- 50 гр фстаци
Подготовка
На 50 гр. маргарин испржете го ситно исечканиот кромид, додадете го грашакот, сол, бибер, 5-6 лажици вода и издинстајте го 5-6 мин. Изладете го малку и измиксајте го.
Желатинот измешајте го со 8 лажици вода и кога ќе набубри, малку смлашете го и измешајте го со смесата.
Долгнавест, тесен калап обложете го со најлон фолија и во него ставете од смесата со грашак ( 1 цм) и ставете го во фрижидер да се стегни.
Од шунката исечете 4 тенки парчиња, кога ќе се стават едно до друго, треба да се со должина на калапот. Нив тргнете ги на страна, а останатата шунка измиксајте ја со преостанатиот маргарин, изварката и исчистените фстаци. Ставете сол ако е потребно.
Со смесата премачкајте ги круговите од шунка и завиткајте ги во ролат (должина колку калапот) и ставете ги преку стврднатиот грашак во калапот. Одозгора ставете го преостанатиот грашак и повторно ставете го калапот во фрижидерот да се стврдне.