Овошна торта
Состојки
- 5 јајца
- 5лаж шеќер
- 5 лаж брашно
- 1/2 пециво
- 2 црвени желатина за торта
- 500-600гр јагоди
Подготовка
Се матат јајцата и шекерот. Се додаваат брашното и пецивото и смесата се истура во подмачканиот калап да пече. Врз печената торта ги редиме јагодите.
Во 500 гр вода ги истураме желатините и мешаме додека да се згусти од кога ќе зоврие го тргаме настрана мешаме 2-3 мин да олади малку желатинот и го истураме врз тортата.
Јагодите ми беа цврсти и ги зоврев околу 1мин да омекнат малку. Оваа торта може да се приготвува со секаков вид на овошје.