Испечати

Домашни кифли со маст

Домашни кифли со маст

Состојки

  • 700 гр брашно
  • 500 мл млеко
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажица сол
  • 2-3 лажици маст
  • 1 жолчка

Подготовка

1. Во топлото млеко се става маста и да се
растопи (кога зборувам за три лажици - мислам на полни со врв маст) се додаваат квасецот, солта и
шеќерот - се остава да стои околу 10 мин.
2. Во предходната смеса се додава брашното,
се замесува меко тесто, се остава да стаса
околу 40 мин. по што се премесува повторно и
пак да стаса.
3. Вака стасаното тесто се дели на топчиња и
од секое топче се прави кифла во саканата
форма.
4. Жолчката се клапа со малку зејтин и се
премачкуваат кифлите, одозгора се
посолуват со малку сол, сусам, ким… црн
сусам…
5. Вака спреманите кифли се оставаат да
повторно стасат и се печат во предходно
загреана рерна на 200 степени околу 20 мин.
Совет
Што се однесува за количината на брашното
сами треба да осетите дали ќе додадете уште
брашно, да постигнете меко тесто кое не се
лепи за рацете. Користам брашно тип 400.
Јас секое топче го растегнувам со сукалка
на долго како јазик…. и со рацете ги
формирам кифлите притоа истегајки го
тестото.
Ќе забележите дека нема јајца во тестото, не
сум заборавила…така треба и таков е
рецептот, значи се користи само жолчката од
1 јајце за премачкување.
За посипот останува вие да изберете кој
зачин го сака вашето семејство.
За мене ова се најмеките и највкусни
кифлички. Рецептот потекнува од моја тетка
која се наога во Србија…. па си ги нарекувам
и Највкусните кифли од тетка ми.

Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава за пржење ; Ростер