Солена двопек торта
Состојки
- 36 парчиња двопек
- 400 мл кисела павлака
- 200-250 мл мајонез
- 3 варени јајца
- 200 гр салама
- 200 гр сирење
- 4-5 кисели краставички
- 150 гр кашкавал
- 3-5 лажици кечап
- 1 лажица оригано
Подготовка
Најпрво, во засебни садови, јајцата, саламата, кашкавалот и сирењето се ренадаат.
Павлаката и мајонезот се мешаат. Смесата се дели на 3 дела, и во секој дел се додава...
1. сирењето и краставичките
2. саламата и кечапот
3, јајцата и ориганото
На рамна подлога двопекот се реди 3х4 во 3 реда. Секој ред се филова со по 1 фил, а најгоре се ренда кашкавалот, или може да ставите пармезан место него. На крај, се украсува по желба и се остава на ладно добро да легнат состојките и да омекни двопекот. Добар апетит!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите ДелиманоРостер