Бомбици со наполитанки
Состојки
- 200 гр наполитанки
- 100 гр кокос
- 50 гр бело чоколадо
- 200 мл слатка павлака (хопла)
- 2 ванила шеќер
- некоја капка арома
Подготовка
* Вкусот на рецептот е варијабилен и зависи од изборот на филот на наполитанките. Дали ќе е ванила, лешник, чоколадо... таков вкус на арома ќе додадете.
Наполитанките најпрво убаво се дробат во најлонска кеса и се промешуваат со кокосот.
Хоплата се загрева и во неа се додава чоколадото искршено на коцки да се растопи. Се трга од оган пред да проврие. Се додава на издробените наполитанки со кокос и се додаваат ванилата и аромата па добро се промешува. Од смесата обликуваме ситни топчиња кои потоа ги тркаламе во кокос.