Испечати

Слатки месечинки

Слатки месечинки

Состојки

  • 5 јајца
  • 8лажици шеќер
  • 4лажици ладна вода
  • 4лажици зејтин
  • 8лажици ореви млени
  • 3лажици брашно
  • 1 пециво
  • 2лажици какао
  • 200гр млени ореви
  • 150мл млеко
  • 200гр маргарин
  • 50гр какао
  • 50гр чоколада за кување
  • 100мл вода
  • 100гр шеќер
  • 200гр шеќер во прав
  • 1 шлаг крем или пена за декорација

Подготовка

Се матат 5 белки во цврст снег.5жолчки се матат со шеќерот,па им се додава водата,зејтинот,оревите и брашното помешано со пецивото.На крај внимателно се додаваат белките и целата смеса се дели на два дела.Едниот дел останува жолт а во другиот дел се додава какаото.Посебно се печат две кори а потоа се филуваат внатре и одозгора.
фил
200гр ореви се попаруваат со врелото млеко.Во сад на оган се загреваат какаото,водата,100гр шеќер и чоколадата додека состојките се соединат.Оладена оваа смеса се додава кон попарените ореви и на крај му се додава пенасто изматен маргарин со 200гр шеќер во прав.Месечинките се филуваат а одозгора може да се наросат со млени ореви а јас ете избрав шлаг за декорација
Одкако ќе се оладат убаво со чаша се вадат полумесечинки и се декорираат.Овие колачи мозе да се сечат и на штангли по желба