Испечати

Колачи - свеќи

Колачи - свеќи

Состојки

  • 100 гр шеќер
  • 2,3 лажици вода
  • 2 лажици маргарин
  • 200 гр мелени потпечени лешници
  • 200 гр рендано црно чоколадо
  • 3 лажици рум
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

Подготовка

Од шеќерот и водата на оган направете сируп. Изладете го.
Измешајте ги сувите состојки, ставете го маргаринот и почнете да месите додавајќи од сирупот. (не мора цел сируп да го искористите)
Од смесата правете форми, со лик на мали ваљаци, одозгора прелијте ги со бело чоколадо и на врвот ставете еден цел лешник.