Лазањи (на мој начин)
Состојки
- 500 г. готови кори за лазањи
- 700 г. мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 страк млад лук
- 500 мл. сок од домати (не ќечап)
- 2-3 моркови рендани
- 1 лажица сув босилек
- 1 лажица суво нане
- 1 лажица веѓета
- малку сол и црн пипер
- Бешамел сос*
- 1 л. млеко
- 5 лажици брашно
- 70 г. путер
- малку сол и изрендано морско оревче
- За одозгора*
- 200 г. кашкавал
Подготовка
1. Кромидот се сецка и заедно со лукчето и морковот се пропржуваат на малку зејтин.
2. Се додава меленото месо се ставаат сите зачини и се пржи околу 15 мин со постојано мешање.
3. Потоа се додава сокот од домати и се остава да вари на тивок оган се заедно негде околу 20 мин.односно додека смесата не се згусне со повремено мешање.
4. На страна го спремаме бешамел сосот- Во едно тенџере го ставаме путерот да се растопи и го додаваме брашното и се заедно пржиме,го додаваме млекото малку сол и изренданото морско оревче и вариме додека не се згусне сосот.Го тргаме тенџерето на страна.
5 Земаме од корите за лазањи и ги редиме на намастено тавче врз нив ставаме од бешамел сосот а врз сосот ставаме од смесата со месото.
6. Оваа постапка ја повторуваме се додека имаме кори и фил.
7. На крај кашкавалот го редиме по целата површина и ги ставаме лазањите да се печат во загреана рерна на 180 Ц. некаде околу 25 мин.
(корите за лазањи може претходно малку да се сварат 6-7 мин.во зовриена вода со малку зејтин, но и немора)
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава за пржење ; Касерола