Брзи мини пици
Состојки
- 2 шољи брашно
- 1 шоља јогурт
- 7 супени лажици зејтин
- 1 пециво
- малку сол
- 200 гр. шунка
- 200 гр. сирење
- 200 мл. кечап
- 1 јајце
Подготовка
1. Во поголем сад ги ставаме брашното, јогуртот, зејтинот, пецивото и малку сол. Се тоа се меша заедно со лажица.
2. Со супена лажица земаме од тестото и ставаме на подмачкан плех и оформуваме со лажицата круг.
3.Шунката ја сецкаме и ја ставаме врз крукчињата, ставаме кечап, па сирењето и јајцето ( кои претходно се измешани заедно )
4. Ги ставаме да се печат 15 мин на 150 степени.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер