Испечати

Коктел од сезонско овошје

Коктел од сезонско овошје

Состојки

  • 1 литар рум
  • грозје од ситното од старото семе без коска внатре
  • шеќер спрема овошјето

Подготовка

Овој прекрасен пијалок се започнува да се прави кога ке излезат првите јагоди,па се спрема се до месец октомври кога ке излезат дуњите.
Коктелот се спрема на тој начин што колку овошје ке ставиш толку се става и шекер.
Во тегла од 5кг се истура румот па се зема на пример 400гр јагоди се измиваат се сецкаат и се стават во теглата во румот и се става 400гр шекер.
Јаболки 300гр.исто толку и шекер,рибизли 500гр,исто толку се става и шекер.Цреши,вишни,малини,капини,црнички,значи од секое овошје се става по неколку грама и се така додека да ја наполните теглата.Овошјето како што е бананата,праската.киви и кајсија се ставаат додека сеуште се зелени,зошто ако ги ставите созреани ке ви се раскапат внатре.Јас лично ги избегнувам кивито и кајсијата.
Овој коктел за пиење е спремен во октомври.
Кој пробал веке знае за неговиот квалитет-кој сеуште не пробал еве му шанса да започне да си го прави-штотуку излегоа првите јагоди на пазарот.