Крем супа од шампињони
Состојки
- 2 лажици путер
- 300 гр ситно сецкан кромид
- 700 гр на подебели плочки сецкани шампињони
- 1 1/2 лажичка копер
- 2 лажички мелен црвен пипер
- 1 лажица соја сос
- 2 шољи врела вода
- 1 пилешка коцка за супа
- 1 шоља млеко
- 3 лажици брашно
- 1/2 црвено луто пиперче
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка бибер
- 1/2 шоља кисела павлака
Подготовка
На средно силен оган се растопува путерот и во него се додава сецканиот кромид па се пржи со мешање да стане стаклест, околу 5 мин. Се додаваат на подебели плочки исецканите шампињони и се пржи уште околу 5 мин. Се додаваат коперот, црвениот пипер, водата и коцката за супа, се зоврива и на средно тивок оган се остава покриено да вари околу 15 мин. Се помешува млекото со брашното да нема грутчина и се истура мешајки во супата која врие. Повторно се остава да вари на тивко околу 15 мин. Ако сакате пикантна супа сега можете да додадете 1/2 ситно сецкано луто пиперче. Се посолува и забиберува по ваш вкус. Се разматува киселата павлака и се меша во супата, па кратко се проврива, околу 5 мин. да се згусти.