Подготовка

1. Желатинот го ставаме во водата да набабри.
2. Боровинките ги ставаме во тенџере на оган, да се одмрзнат убаво. Го додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер и мешаме да се растопи. Тргаме од оган и ги обработуваме со рачен блендер, додека да добиеме пире. Го додаваме желатинот и мешаме добро.
3. Слатката павлака ја матиме во подлабок сад. Го додаваме и маскарпонето и матиме. Го додаваме пирето од боровинки, матиме до целосно соединување. Од добиениот фил тргаме 5-6 лажици во сад, покриваме со најлонска фолија и го оставаме во фрижидер (за декорација). Остатокот го делиме на два еднакви дела.
4. Чоколадното млеко го загреваме за подобро да впие во корите. Ја редиме тортата. Најпрво ставаме една кора, ја натопуваме со 50мл чоколадно млеко, па ставаме една половина од филот. Ставаме и втора кора, потопуваме со 50 мл чоколадно млеко, па го додаваме и вториот дел од филот. Зваршуваме со кора, ја потопуваме со преостанатото чоколадно млеко и ја оставаме тортата во фрижидер преку ноќ.
5. Чоколадото го сецкаме ситно и го оставаме во длабок сад. Слатката павлака ја загреваме до пред зовривање и ја истураме врз чоколадото. Оставаме 5 минути, а потоа мешаме до целосно растопување. Го истураме чоколадото врз тортата, оставаме барем половина час во фрижидер, па декорираме со остатокот од филот со помош на слаткарски шприц.
Тортата е многу лесна за правење, а е многу вкусна и освежителна. Со оваа количина на шеќер тортата е средно блага, по желба може да додадете повеќе или помалку шеќер.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани