Подготовка:

1. Во сад за месење додадете ги рикотата, јајцето, брашното, пармезанот, солта, црниот пипер и мускатното оревче и замесете тесто.
2. Од смесата формирајте топчиња.
3. Во тенџере на оган ставете ја водата да зоврие, а во меѓувреме спремајте го сосот.
4. Во тава на оган додадете го доматното пире и зачинете го со сол, црн пипер и свеж босилок и оставете го да покрчка неколку минути.
5. Во зовриената вода додадете ги њоките, ќе бидат сварени кога ќе испливаат на површината.
6. Сварените њоки послужете ги со сосот, свеж босилок и пармезан.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани