Питава е богата со фил и мека како да е сукана...Топло ви ја препорачувам да ја пробате.

Подготовка
1. За филот ги соединувате урдата и ренданото сирење.
2. Киселата павлака ја ставате во мерица и додавате вода до обележувањето на мерицата на 200 мл.
3. Сите состојки за премачкување на корите ги соединувате во еден сад ,можете со миксер или со рачна маталка.
4. Редите кора,па ја премачкувате со 3-4 лажици од смесата. Врз неа втора кора, премачкувате,па трета кора-премачкувате.
5. На секоја трета потоа ставате насекаде од филот и ја ролате во ролат. Така со сите кори.
6. Ги ставате во намрсено тавче или на хартија за печење веднаш што ги формирате во ролат.
7. На крајот гледајте да ви остане од смесата за да ги премачкате сите ролати. посипете ја со сусам.
8. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее додека питата се одмора за тоа време.
9. Печете ја до поцрвенување.Оставете ја да подизлади пред да ја сечете.

Забелешка
Чашата е од 250 мл или 1 кап.
Премачкувањето на корите најдобро е да го правите со четка (силиконска или каква што си користите).
Во последно време многу користам биено сирење, а вие за оваа пита може да си ставите тоа што си го користите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани