Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме сите состојки, освен брашното, кое го додаваме на крај. Прво ставаме 300 гр, па според потребата додаваме уште (јас додадов уште 20 гр, зависно големината на јајцето).
2. Замесуваме тесто, кое го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме во фрижидер барем 2 часа.
3. Потоа тестото го делиме на 4 дела (секој дел е тежок околу 160 гр). Додека работиме со првиот дел, другите три ги чуваме во фрижидер. Расукуваме правоаголна корa на следниот начин, кој според мене е најдобар за формирање - зимаме мрсна хартија за печење, ја превиткуваме во големина на должината на плехот (кај мене голем плех од рерната, должината е 35 цм), а во ширина превиткуваме на околу 8-10 цм. Тестото го расплескуваме колку што можеме со раце на таа означена површина, па потоа од сите 4 страни ја превиткуваме хартијата на обележените места и со помош на сукало расукуваме кора. Сега ја одвиткуваме хартијата, во средишниот дел ставаме мармалад, па преклопуваме од едната, па од другата страна, залепуваме нежно со прстите. Формираното ролатче полека го префрламе во плехот (каде сме ставиле хартија за печење) и со помош на хартијата го превртуваме. Постапката е иста со останатите 3 дела.
4. Формираните ролатчиња ги засекуваме, ама не докрај, на парчиња со должина од 5 цм. Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути. Топли ги засекуваме докрај, па ги увалуваме во шеќер во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани