На почеток да напоменам дека мерката на чашата е 200мл.
Мерам се со истата чаша.
Маргаринот го матиме пенесто со шеќерот.
Матиме убаво да се соедини.
Штом се растопи убаво додаваме јајца и ванила.
Намалуваме брзината на миксерот и полека постепено додаваме млеко.
Брашното го помешуваме со пецивото и циметот.
Постепено ги додаваме во садот и матиме.
Пред крајот го вадиме тестото и со шпатула ги промешуваме боровинките во тестото.
Калапот го обложуваме со хартија за печење па ја префрламе смесата за печење.
Печеме во загреана рерна.
Печеме подолго зашто колачот бара на тивко и подолго да се пече да не остане внатрешноста непечена.
После печењто оставете надвор да одмори тестото.
Кога е веќе изладено извадете го обрачот од калапот.
Попрскајте со шеќер во прав.
Печев во помал калап, па колачот излезе висок.
Овој колач е идеален за појадок. Со чаша млеко, одличен.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови