Во еден сад замесете го шеќерот во прав со маргаринот.
Нека се изедначи смесата.
Мелените бисквити додавајте ги во смесата и помешајте со сокот од портокал/лимон.
Ако ви е меко за изработка додајте уште малку бисквити.
Формирајте ги топчињата и оставете малку да стегнат.
Ставете им и стапчиња.
Така стегнатите топчиња посипете ги со растопена чоколада па декорирајте со шарени трошки.
Голема радост за дечињата на роденденските забави.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови