Постојат многу рецепти за ќофтиња. Мојот рецепт дојде како идеја кога видов дека имам доста булгур дома и решив да пробам да направам ќофтиња.
Прво тиквичката се ренда, се става булгурот (не е варен), рендан кромид и рендани моркови, јајцето и брашното. Седодаваат и зачините.
Се остава смесата да отстои во фрижидер околу 30 мин.
Потоа се формираат ќофтињата и се пржат во загреано масло. Јас дел пржев, а еден дел и печев. Пржените беа поровки и повкусни.

Мојот пекарски компир го правам на следниот начин. Компирите излупени се варат околу 20мин. Ако се помали, може и помалку. Важно е да не се преварени, туку за нијанса потврди од вообичаено кога ги јадете варени.
Се сечат на крупни парчиња и се пржат во врело масло. Кога ќе заруменат ги вадите, на хартија за ставаат да се впие маснотијата. Јас заборавив да ставам сусам, ама ставив луто чили во маслото при пржење.
Сервирав со урда. Кисело млеко, јогурт исто се одлична комбинација.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови