Најпрво сончогледот го потопуваме во сад со вода, и го оставаме да одстои најмалку 4 часа. Го прецедуваме, и ставаме во блендер. Додаваме сок од лимон и сол, и малку вода. Блендираме се заедно, и потоа повторно додаваме вода до потребната густина.
Јас обично со еден филџан сончоглед, си правам 750 мл јогурт.
Може да се прецеди, а и не мора. Како сакате. Јас често си го користам и за потопување на овесни снегулки, па воопшто не ми смета што има ситни парченца.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови