1. Во топла вода го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно за да стаса.
2. Јогуртот и маслото на тивко ги загреваме. Белките ги матиме во цврст снег, жолчките се за премачкување.
3. Надојдениот квасец, маслото, јогуртот, матената белка и солта ги мешаме со постепено додавање на брашно. Се замесува меко тесто. Го оставаме да се одмори 30мин.
4. После тоа се премесува тестото и се обликуваат кифли, машнички (види слика).
Се премачкуваат со жолчка и поросуваат со афион. Се печи на 200С-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани