Ако ви останаа варени јајца од Велигден, ова е убава идеја да ги искористите.
Сварените јајца пресечете ги на половина.
Извадете ги жолчките и измиксајте ги со крем сирењето, сенфот и пиперот. Можете и малку да посолите.
Белките прво набрашнете ги, па во јајце и во презлата во која сте го ставиле сусамот.
Пржете ги во загреано масло на средна температура.
Наполнете ги со филот и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови