Подготовка
Млекото заедно со шеќерот, путерот и чоколадата ги растопуваме на тивок огин.
Во течната смеса ги додаваме мелените бисквити, сецканата јафа, мелените ореви и мелените наполитанки месиме додека не добиеме компактна смеса.
Смесата убаво ја распоредуваме и натапкуваме во плех.
На почеток ја прелеваме со растопената бела чоколада веднаш колачот го ставаме во фрижидер да се стегне.
По половина час колачот го прелеваме со растопената црна чоколада.
Откако колачот ќе ни се стегне го сечеме на штангли и украсуваме по желба.

Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани