Уште еден од начините на подготовка на лиснато тесто и подготовка на овие декоративни пецива. Интересни се на изглед и многу вкусни, бидејќи се лиснати.

1. Се замесува тесто од наведените состојки. Се става се, освен путер / маргарин. Се остава тестото да кисне околу 1 час.
2. Тестото потоа не се меси, туку само се витка како плико, од 4 страни.
3. На набрашнета маса се сука тенка кора. Врз неа на половина кора се ренда оладен путер.
Потоа се превиткува на половина, па потоа уште на другата половина се ренда путер и се преклопува. Се витка уште еднаш и се става во кеса и во замрзнувач, на 15 мин да се олади убаво тестото.
4. После 15 мин, оладеното тесто повторно го развлекуваме во тенка кора. Се витка од двете страни до пола, се витка на половна и се добиваат 4 преклопи и правоаголна кора. Од лева и десна страна се превиткува и добивате убава коцка. Се сече од страните убаво да се разлиста. Се враќа во замрзнувач на 10-15 мин. Постапката се повторува 4 пати.
5. Последниот пат се расукува не многу дебела кора, доволна колку за виткање кифлички. Се развлекува правоаголна кора.
6. Се сечат коцки со големина 8х8 см.
7. Се прават 4 странични засеци, а средината треба да остане цела. Во средина се става фил - сирење, кашкавал и сл.
8. Надворешниот крај на коцката се завлекува кон средина, а краевите се враќаат наназад, како на фотографијата. Така се спојуваат 4те краеви во средина.
9. Се редат во тава за печење и се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со малце лен.
9. Се печат на 200 степени, околу 20тина мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови