Оваа торта ми е омилена и сакам да ја споеделам со вас. Кога ја направив прв пат филот ми беше малку течен затоа што не ставив густин и желатин и наместо обично млеко(100мл) ставив вода. Единствено решение ми беше да ја ставам во замрзнувач со што си добив прекрасен торта-сладолед!

Фил со кокосово млеко (крем )

Во кокосовото млеко додајте шеќер и оставете го да зоврие. Настрана изматете ги жолчките и додајте им 100мл млеко и добро измешајте. Додајте го скробот внимателно и додајте 10 гр мелен желатин.
Извадете го од оган зовриеното кокосово млеко и истурете ја во него внимателно и полека смесата со жолчките со постојано мешање. Вратете на тивок оган и мешајте постојано додека да згусне. Кога е готова оставете ја да се излади, одкако ќе подизлади може да ја ставите во фрижидер и преминете на правење на бисквитот.
Кога ќе се излади кремата на страна изматете ја слатката павлака и додадете кокосова арома (по желба). Потоа во слатката павлака со непрекинато мешање со миксер додадете ја изладената крема со кокосово млеко.

Бисквит
Убаво изматете ги белките со шеќерот, потоа додајте го брашното, прашокот за пециво и какаото. Додадете го потоа стопеното чоколадо (јас го стопив во микробранова) и изматете го со миксер. Потоа додадете милерам и измешајте (со миксер) и на крај додадете рум (по желба). Излејте ја смесата во калап (24 см) и печете на 180 степени околу 20 минути.
Кога е готов бисквитот оставете го да излади. Кога е ладен премачкајте половина од филот врз него.
Потоа искршете ги бисквитите на помали парчиња и наредете ги врз филот. Доколку сакате да бидат бисквитите во права линија оставете ја тортата во фриждер да стегне па потоа нанесете го остатокот од филот. Оставете ја повторно во фриждер пред да ја излиете глазурата (најмалку 6 саати стои во оригиналниот рецепт).

Глазура
Во течната слатка павлака ставете 2 лаж. шеќер (по желба)какаото во прав и ставете ја на оган да зоврие потоа смалете го огнот и мешајте уште 2 минути. Потоа извадете ја од оган и измешајте го медот и потоа стопеното чоколадо. Одкако ќе биде млака на допир може да ја излеете врз изладената торта.

Совет- Оваа глазура е мека за да може лесно да се сече, не се препорачува класична глазура. Шеќерот во глазурата не мора да се додаде доколку не сакате премногу благо.
Шеќерот во бисквитот е исто така минимум, по желба додајте повеќе.
Оваа количина рум е силна доколку сакате поблага верзија одземете од румот.
Јас не сум добра со декорација па оставам на вас повештите да си поиграте и очекувам слика во коментар.

Пријатно нека ви е!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови