Најпрво убаво се мијат јагнешките изнутрици.
Во едно тенџере се ставаат исецканите цревца да се варат. Штом зовријат, таа вода се истура,па се налева чиста. Штом зоврие, им се додава сол и ловоров лист.
Во друго тенџере се ставаат да се варат исецканите џигерчиња. Исто првата вода се фрла, па се ставаат со втора вода и кога ќе зовријат им се додава сол и ловоров лист. Се варат додека омекнат.
Кога се варени и цревцата се додаваат во тенџерето со џигерчињата.
Се додава по потреба вода, нормално како за супа. Штом сето тоа зоврие се додава фидето.
Кога е варено фидето се прави тенка бела запршка.
Се пржи брашното на плитка мрснотија. Кога ќе порумени се додава во водата.
Се зачинува по потреба со сол, мешан сув зеленчук,мелен црн пипер. Можи уште еден ловоров лист. Нека покрчка уште малку чорбата и се трга од оган.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани