Најпрво изматете го путерот, јајцето и медот.
Потоа, додајте ги зачините и постепено брашното.
Измесете тесто, поделете го на два дела и на набрашнете површина расучете го.
Вадете форми по желба и испечете ги во загреана рерна на 180 степени. Времето за печење отприлика е десетина минути, не ги препекувајте зашто ќе бидат суви.
Одозгора можете да ги декорирате по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови