Во топлото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и едно лажиче шеќер. Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставме јајцето, жолчката, солта, растопениот путер, ракијата, киселата вода и лимоновиот сок.
По желба додаваме кора од лимон, ванила,........
Промешуваме и постепено го додаваме брашното.
Замесуваме тесто понамеко.
Танко го премачкуваме со некоја капка масло и оставаме да се дуплира.
Втасаното тесто нежно го расукуваме во кора.
Со модла срце вадиме крофнички, кои ги редиме на чиста крпа.
Ги покриваме и оставаме 15 минути.
За тоа време загреваме масло на умерен оган.
Ги пржиме крофничките.
Кога ќе ја спуштиме крофничката во маслото, го протресуваме малку тенџерето или со лажица ја прскаме крофничката еднаш-двапати со маслото.
Многу убаво нараснуваат и се превртуваат самите.
Ги редиме на хартиени салфети, но воопшто не се мрсни.
Ги посипуваме со шеќер во прав или ги сечиме на половина, (многу убаво се шупливи внатре), па ги полниме со мармалад од сливи.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови