Толку малку состојки, а толку убав краен резултат.
Меки, вкусни, шупливи корички.
Корите кои ги користев беа исклучително убави, тенки, имаше 23 кори во 500 гр
За филот - во еден сад ги соединуваме урдата, јајцата, солта.
Земаме една кора, многу малку ја премачкуваме со четка со масло.
Ја преклопуваме на половина.
Сега нанесуваме полна лажица од филот.
Завиткуваме како ролатче, а потоа какао полжавче.
Не треба многу да се стега, за да има место, каде ќе се “движат“ јајцата.
Така ќе добиеме повеќе шуплини.
Ги редиме во плех.
Одприлика, ќе остане една лажица од филот.
Тука ги додаваме лажицата масло и јогуртот и со оваа смеса ја премачкуваме секоја коричка одозгора.
Ги печиме во загреана рерна околу 30 минути.
Сервираме и уживаме со чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани