Необична, но вкусна штрудла со вкусен крем од сончоглед..

- Најпрво го активираме квасецот заедно со кафеавиот шеќер и млекото.
- Во подлабок сад го ставаме брашното, го додаваме активираниот квасец и растопениот путер. Замесесуваме средно меко нелепливо тесто кое го оставаме на топло 1 час.
- Семките од сончоглед заедно со бананата и млекото ги бледираме неколку минути се до добивање на мазен крем, потоа го додаваме медот, кората од портокал, овесот и рогачот и продолжуваме со блендирање се до соединуваме на смесата.
- На набрашнета површина го расукуваме тестото во облик на правоаголник, филот го нанесуваме на долниот дел на кората и внимателно ја свиткуваме во облик на ролат. Ја пренесуваме на плех и оставаме да надојди уште 15 минути, потоа ја премачкуваме со разматена жолчка.
- Печеме 35-40 минути на 180Ц.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови