Повторно на нашата трпеза штрудла, на некој со вишна на некој со афион ..
За подготовка на овој рецепт најдобро е вишните помешани со шекерот да се стават во цедалка и да стојат преку нок за убаво да се ицедат,мегутоа може и 1 час да стојат па со лажица внимателно да се исцедат за да нема од сокот.
Во млакото млеко ставете го квасецот шекерот и неколку лажици брашно ,промешајте и оставете да стои 15 минути за да нарасне.
Во квасецот додадете го омекнатиот путер,јајцето ,солта и половина од брашното и замесете со рака постепено додавајки брашно за да се добие мазно средно тврдо тесто.
Тестото оставете го на нарасне 1 час а потоа направете 4 топки,од секоја топка развлечете кора на набрашнета маса и ставете од исцедените вишни,завиткајте ролат а потоа секој ролат премачкајте го со изматено јајце и оставете 20 минути повторно да нарасне.
Печете на 200 степени 20 минути а потоа уште 20 мин на 170 степени покриени со фолија за да не изгорат.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови