Подготовка.
Белките ги матиме со шеќерот се додека не добиеме густа паста.
Во изматените белки ги додаваме лешниците, брашното и презлата овој пат матиме со рачна маталка. Смесата ја сипуваме во плех на хартија за печење.
Печеме на 200степен околу петнаесетина минути па намалуваме на 150 уште дваесетина минути.
Ганаш
Слатката павкала ја загреваме до вриење. Тргаме на страна и ја додаваме чоколадата мешаме додека не се стопи. Смесата ја ставаме во фризидер се додека не ни се излади. Откако добро ќе ни се излади смесата ја матиме со миксер.
Изладената кора ја премачкуваме со мармалад од боровинки врз боровинките го сипуваме ганашот и убаво распоредуваме. Колачот го посипуваме со потпечени сецкани лешници. Сечеме по желба...
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани