Овој ручек некако на несакајки си го склопив и искочи предобро. Затоа следеа неколку повторувања, бидејќи беше одличен! Доста заситува, бидејќи е со мешавина од повеќе сирења, но е доста едноставен за подготовка!

1. Сварете ги шпагетите. Исцедете ги од водата, но не до крај, нека остане малце скробна вода во нив.
2. Во истиот сад додадете ја павлаката за готвење и промешајте. Остајте 1-2 мин макс да се крчкаат шпагетите со павлаката. Кога ќе зоврие, веднаш тргнете на страна.
3. Потоа додадете рендан кашкавал и сирење и убаво промешајте ги состојките.
4. Ставете ги во чинија за послужување, наросете уште малце сирење и пармезан.

Отпосле додадов и оригано како зачин, може да користите кој било, бидејќи ќе се вклопат состојките со овој оброк.

Ова се количини за 1 оброк. Ако сакате за повеќе, дуплирајте ги количините соодветно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови