Брзо јадење, кое се приготвува во едно тенџере, без потреба на посебно подготвување на сос, туку мешате се заедно и чекате само да се свари.
Најпрво водата, заедно со солта и малку масло, оставаме да зоврие, ги додаваме шпагетите и доматите исечкани на половинки, а кромидот на долги ленти. Додаваме и зачини и неколку чешниња лук (оставете ги цели, за да може да ги отстраните ако не сакате да се чувствува многу вкусот на лук).
Варете на тивко и кога ќе почне веќе да се намалува водата, со почесто мешање.
Ако сметате дека шпагетите не се доволно варени, додајте уште малку вода.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови