Од ништо, нешто, би рекле старите.
Ова беше еден убав, кремаст, лесен ручек.
Имав исчистено и измиено млад спанаќ, па еве како дел од него употребив.

Во касерола налеваме вода и од кога ќе зоврие ја ставаме тестенината, со малку сол да се вари според упатството на кесичката.
За тоа време во друга касерола ставаме масло, брашно и кратко запржуваме.
Додаваме млеко, зачините и вариме 2-3 минути, односно се додека не почне да се згуснува.
Тука ги додаваме со раце искинатите листови спанаќ.
Оставаме да се готви само 1 минута, односно листовите да омекнат.
Така топол сосот го ставаме во нутрибулет и го миксаме, или го поминуваме со стапчест миксер.
Сварената тестенина ја процедуваме, го додаваме измиксаниот сос, па сецканата моцарела, маслинки, капари, ајдамерот.
Мешаме на многу тивок оган околу 1 минута.
Сервираме топло и послужуваме со чаша бело вино.
Наместо бешамел сосот може да се користи и 1 мала опаковка павлака за готвење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани