Едноставен ручек, приготвен за кратко време.
Прво ги вариме шпагетите според упатството.
Потоа на зејтин во поголема тава ја запржуваме сечената пршута на ленти заедно со ситно сеченото лукче. Ја додаваме павлаката и пармезанот, кратко замешуваме и ги додаваме шпагетите. Го додаваме и сечениот магдонос и ручекот е готов.
Брзо и вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови