Интересен спој за сос за љубителите на праз.
Се варат шпагетите во посолена вода, се плакнат и убаво се цедат.
Празот се чисти и се сече на парчиња. Во тава се истура зејтин и се става празот да се пржи. Се додава лененото семе и кикириките и се пржи додека омекне празот.
Може да се испржи додека убаво омекне, но кај нас пржењето трае многу кратко околу 5-6 минути за да остане малку крцкав. Кон смесата во тавчето се додаваат шпагетите, се запржува додека се изедначи температурата на состојките и се додава павлаката и сол по вкус.
Се служат топли со павлака или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани