Како почнува учебната година така јас барам рецепти и идеи за школски оброк.Па еве да поделам една идеја со вас драги мои.
Во подлабок сад измешајте ги состојките за тортиљите и замесете тесто кое нема да се лепи на рацете. Покријте го и оставете да стасува половина час.
Во меѓувреме стекот посолете го и испечете го без зејтин. Пред крај додадете ги пиперките исечени и пропржете ги околу една минута.
Стасаното тесто поделете го на десет топчиња. Секое топче расукајте го и печете во неподмачкано тавче. Печените тортиљи ставете ги во кесе за да ви останат меки.
Вака подготвени јас ги замрзнувам и си вадам по потреба.
Земете една тортиља, намчкајте ја со една лажица павлака, ставете ја марулата и наредето го стекот и пиперките. Замотајте, исечете ја на пола и готов е здравиот оброк за вашето дете.
Пријатен апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови