- Ставете да се вари исчистеното шкембе. Кога е сварено извадете го од водата и оставете да се олади. Бујонот - водата во која се вареше оставете потполно да олади да се формира на површина лојта која излегува при варењето, прецедете.
- Оладеното шкембе исецкајте го на парчиња големина која ја сакате вие.
- Во тенџере ставете го маслото и путерот, додадете го црвениот пипер и пропржете кратко - внимавајте да не ви изгори, тргнете за кратко на страна и постепено долевајте го млекото. Вратете на огнот, додадете го прецедениот бујон, нека зоврие, додадете го исецканото шкембе, зачинете на вкус додавајки си и други зачинки според ваш вкус, нека се заедно вари околу 5 мин. . тргнете. Чорбата е готова.
- Исецканиот лук залијте го со оцетот
- При сервирањето додадете во самиот тањир од буковецот (доколку сакате луто) зачинете дополнително додавајки од лукот со оцетот.
Кој обожава шкембе чорба ова е еден од низата на рецепти за неа.
Ние земаме готово исецкано и полуварено шкембе, па затоа и ни е лесно да ја спремиме чорбата...значи совет - кога ќе посакате да ја спремите, има во трговијата без мака околу чистењето - а да ја имате чорбата.
Секогаш спремам само од 500 гр. шкембе кое е доволно да се направи чорба за 6 лица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани