Ова е вегетаријанска варијанта на кинеското пилешко со кикиритки (конгбао). Во Кина шитаке печурките се многу популарни (и евтини).
Прво кромидот и морковите се упржуваат околу 10 минути во вок тава. Потоа се додавааат кикиритките кои претходно стоеле во вода околу 10-15 минути. Потоа и ситно сецканата краставица. И на крај печурките. Зачините сосема на крај, соја сосот, чили сос по желба.
Толку. Брзо и едноставно.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови