Шеќерот во прав е бел кристален шеќер, фино сомелен. Се употребува во кулинарството, најчесто во слаткарството.

Шеќерот во прав на Сончева Долина се добива со фино мелење на кристален шеќер. Има бела боја и пријатен сладок вкус. Се употребува како додаток на разни десерти.

Во малопродажните објекти, шеќерот во прав од Сончева Долина може да го најдете во пакување од 250г.

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.