Најпрво се вари пилешкиот стек.

Потоа пилешкото, кашкавалот, сирењето и печеницата се сечкаат на мали коцкички и се мешаат во подлабок сад.

Сусамот на суво се потпекува и се додава во садот.

Јаткастите плодови крупно се мелат во сецко или пак ако немате, можат да се истолчат во најлонска кеса.

Се се меша и на крај се додава мајонезот, па се меша повторно уште еднаш убаво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови