Комбинацијата од чоколадо со шумско овошје, за мене е идеална и затоа Шварцвалд торта за мене е секогаш бр. 1. Вкусовите од оваа торта ги искомбинирав за поготовка на сладолед торта и испадна одлично.

Прво започнете со сладоледите, бидејќи треба да се замрзнат во фрижидер, при редење на тортата, за полесно редење на слоевите.
1. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав и ванилата во убав снег. Иста е постапката за двата сладоледа на почетокот. Потоа во неа додадете ја киселата павлака и кратко изматете.

2. Одвојте неколку зрна од овошјата, за декорација на тортата.
За овошниот сладолед потребно е да подготвите сируп, односно густа каша од шумско овошје. Едноставно, ставете го овошјето да се крчка со шеќер на тивко, мешајте повремено и потоа оставете да поврие, да се згусне и да се добие убава смеса. Тргнете од оган, оставете да се излади и потоа изблендирајте го овошјето.

3. За чоколадата смеса потребно е да растопите чоколадо на пареа и да оставите да се пододлади. Во него измешајте го и румот.
Потоа пополека со мешање се додава во основата и се меша додека да се изедначи. Вратете назад во фрижидер.
4. Истото направете го со овошниот сладолед и не мешајте многу, оставете да биде бело црвен, за поинтересен ефект.
Вратете ги двата сладоледи да за смрзнат во фрижидер.
5. Потоа подгответе ја основата. Сите работи освен бисквитите се ставаат во сад за сос и се топат на оган. Потоа во смесата се додаваат кршените бисквити. Сето тоа убаво се меша и се двои смесата на една полама и др поголема половина. Се развлекуваат две округли тестенца со кои ќе ја редиме тортата.
Редење на тортата

1. Во еден овален сад, обложен со фолија, прво ставеме помалце од 1/2 од овошниот сладолед.
2. Потоа ставеме помалце од 1/2 од чоколдниот сладолед.
3. Ставаме чоколадна коричка од бисквити.
4. Повторуваме....
*Ставаме во првите редови помалце од половина, заради ширење на површината на овалниот сад и за да ни бидат отприлика исти слоевите горни и долни!
Од горе се реди со неколку зрна од шумски бобинки и се остава да се замрзне убаво!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови