Настремени кон нешто ново и непробано верувам одамна сме ги изоставиле класичните колачи од стариот тефтер. Така овој период потурено веќе втор пат правам и секогаш е задоволство за јадење иако е едноставно нешто.

Најпрво се приготвува шербетот за потурање. Шеќерот и водата се ставаат во тенџере да зовројат. Се гаси ринглата и се остава тенџерето да поврие на исклучена, па се трга и се остава да излади.

Јајцата се матат со шеќерот и ванилата и кога ќе станат добро кремасти се намалува силата на миксерот. Се додаваат постепено во млазови прво течните состојки, па лажица по лажица сувите без какаото.
Наместо саморастечко брашно за колачи можи да се стават 12 лажици брашно и 1 пакетче прашок за печење.

Во намрсена и набрашнета тепсија бр 26 се истура малку повеќе од пола смеса и во остатокот се миксира какаото, па со црната смеса се шара одозгора колачот.

Се печи на 160С 30-40 минути, се вади од рерна и се остава 10на минути да постои, па се потура, прелива со приготвениот ладен шербет.

За половина час можи да се служи, но најдобро шербетот е впиен кога се јади следниот ден.

Користено е мало филџанче за турско кафе од 100-120 мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови