Во еден сад се ставаат јајцето, ванилата и шеќерот.
Промешуваме со вилушка, се додаваат млекото, маслото, па постепено сите останати суви состојки.
Мешаме со лажица за смесата да се изедначи.
Сега со влажни раце или со помош на мало лажиче ставаме мали купчиња во ненамастен плех, меѓу себе малку раздалаечени.
Ги печиме околу 12 минути на 180 степени, односно се додека кревите на колачите не почат да заруменуваат.
Одличен миризлив, вкусен десерт за попладневно кафе.

До колку смесата ви е многу ретка, а тоа е во зависност од големината на јајцето и видот на брашно, додадете една лажица брашно или овесни снегулки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани