Се маткаат јајцата, доволно е со вилушка колку да се разлеат и изедначат. Се додаваат јогуртот, маслото, саламата сечкана, (новосадската ја користам најчесто затоа што ми има шмек како нешто чадено) златната мешавина обарена и исцедена, сирењето рендано, лажицата оригано, посолуваме по вкус и на крај го додаваме брашното помешано со печивото.

Смесата се истура во калап за козињак, се ставаат виршлите вдолж една подруга и се притиснуваат да пропаднат малку. Се наросува со малку сусам и се пече.

Печеме 15 минути на 200 степени, а потоа намалуваме на 150 и печеме нај малку уште еден час. Долгото печење е потребно за убаво да изврие внатрешноста, да не ни остани жива.

Кога е готова ја чекате да се излади, вадите од калапот, сечете и сервирање. Не треба декорација, самата е како украс.

Е сега, јас направив една и пол доза, па ми излезе смеса и за силиконски калап во облик на цвет, па двата ги печев истовремено.

Ем повеќе мезе, ем масата ќе грее.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови