Во една каерола налеваме вода, додаваме малку сол и ја оставаме на оган да зоврие.
Ја додаваме орзо тестенината, зрната грашок, сецканиот морков и вариме на тивко од 8-10 минути.
Процедуваме.
Во мала касерола ја ставаме црвената леќа да се вари неколку минути.
Ја процедуваме и неа.
Сега во еден сад ги соединуваме исцедената орзо тестенина заедно со зеленчукот, исцедената леќа, сецканите каламата маслинки, сецканата лута пиперка, сецканиот црвен домат на кој сме му го извадиле семето,сол, бибер...или други зачини по вкус.
Сега во нутрибулет ги ставаме состојките за песто, магдонос, маслиново масло, лукче, сок од лимон.
Во неколку наврати миксираме и додаваме пармезан.
Или може сето ова да се подготви и со стапчест миксер.
Ја сервираме подготвената ладна паста и ја преливаме со пестото од магдонос.
Мене многу ми се допаѓаат овие комбинации на салати, бидејќи може да бидат добар појадок или вечера.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани