Ако сте љубител на ориентални слатки и слатки со шербет како мене, тогаш, ова е вистинскиот рецепт за вас. Лесно е да се подготви, дури не ви треба ни миксер. Оваа торта обично се сервира со незасладено кафе или чај поради богатиот сладок вкус. Нешто како татлија или како раванија (само раванијата е помека).

* 1 чаша е 200 мл чаша

Подготовка

Измешајте ги состојките за тестото со жица и истурете ја смесата во помала подмачкана тава. Настегајте ја со дланката.
Украсете со лешници или бадеми и ставете го тавчето за печење на 180 степени околу 40 минути. По печењето, оставете го да здивни 5 минути, а потоа исечете ги парчињата.
Подгответе го сирупот, зовријте ја водата со шеќерот неколку минути додека не се згусне сирупот, потоа додадете го медот и парчињата лимон. Промешајте додека не се раствори медот.
Прелејте го жешкиот сируп врз оладеното тесто или обратно. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и оставете неколку часа да се впие сирупот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови